Tufan Aktaş
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
АДИС АБЕБА
Бројот на заразените лица со новиот тип коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент порасна на 34.915, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (Africa CDC), во изминатите 24 часа бројот на починатите достигна до 1.521 лице.
На африканскиот континент досега се излекувани 11.309 лица кај кои е дијагностициран Ковид-19.
Д-р Џон Ненгасонг, директор на Африканскиот центар за контрола и превенција на болести, во изјава за АА потврди дека коронавирусот во изминатиот месец почна да се шири во Алжир, Египет, Мароко и Јужна Африка и дека бројот на заразените во тие држави е зголемен за 400 отсто.
„Како Африка мораме да се подготвиме за најлошото сценарио и верувам дека се подготвуваме“, рече Ненагасонг.
Држави со најмногу потврдени случаи се Јужна Африка, Египет, Мароко, Алжир, Камерун, Гана, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска и Џибути.