Dildar Baykan
05 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
ВАШИНГТОН
По објавениот текст во „Њујорк Тајмс“ во кој се тврди дека „се очекува зголемување на бројот на заразени откако администрација на САД повторно ја рестартира економијата“, Белата куќа даде соопштение во кое наведува дека „Здравјето на американскиот народ сѐ уште е главен приоритет на претседателот Доналд Трамп“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Белата куќа Џад Дир до весникот Њујорк Тајмс упати писмен одговор на тврдењата дека доколку иницијативата на администрацијата на Трамп за повторно рестартирање на економијата во земјата се реализира, тогаш до 1 јуни се очекува на дневно ниво во САД да бидат детектирани над 200.000 лица позитивни на Ковид-19, додека бројот на смртни случаи на дневно ниво би изнесувал околу 3.000.
Во одговорот на Белата куќа кон објавениот текст кој се базира врз документите на Центарот за превенција и контрола на болести на САД се вели „Овој документ не е документ на Белата куќа и истиот не бил разгледан од Силите задолжени за борба со коронавирусот или институтот за внатрешна безбедност“.
Во соопштението во кое се истакнува дека референците врз кои се базира текстот во Њујорк Тајмс не се анализирани од страна на работната група, се потсетува дека планот на Трамп за рестартирањето на американската економија се базира врз насоката која доби одобрување од страна на најголемите експерти во земјата на полето на здравството и заразни болести.
Во одговорот се вели дека „Здравјето на американскиот народ сѐ уште е главен приоритет на претседателот Доналд Трамп. Следејќи ги напорите на државите за олабавување на мерките, здравјето продолжува да биде наш приоритет“.
- Трамп повторно рече дека бројот на починати би можел да биде околу 100.000
Откако Сојузната држава Ајова охрабрена од администрацијата на Трамп во почетокот на мај делумно ги активираше своите економии, во сојузните дражави, меѓу кои се и Минесота, Тенеси и Тексас започна да се забележува зболемување на бројот на детектирани случаи позитивни на Ковид-19, а раст е забележан и во бројот на смртни случаи.
Трамп синоќа во своето интервју на телевизискиот канал Фокс Њуз, за разлика од изјавата од пред 2 недели кога претпостави дека вкупниот број на смртни случаи во САД ќе достигне бројка од 60.000, овојпат рече дека претпоставува дека во САД ќе починатприближно 100.000 луѓе.