Islam Doğru
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
ЊУЈОРК – Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на починати од Ковид-19 во последните 24 часа е зголемен за 1.530, со што вкупниот број на смртни случаи е искачен на 93.594, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД и понатаму се земја во која се потврдени најмногу случаи на заразени и смртни случаи во светот.
Податоците на „Worldometer“, интернет страницата на која се прикажува епидемиолошката состојба во светот, покажуваат дека во САД во последните 24 часа се заразени 19.974 лица, а вкупниот број е зголемен на 1.572.114.
Во земјата во последните 24 часа починаа 1.530 лица, со што бројот на жртвите е зголемен на 93.594.
По бројот на заразени, по САД следуваат Русија (308.705), Шпанија (278.803) и Бразил (271.885).
Њујорк и понатаму е епицентар на вирусот во САД. Во оваа сојузна држава се потврдени 362.630 случаи на заразени, а 28.648 лица починаа.
Во Њу Џерси се заразени повеќе од 151.000 лица, а во Илиноис над 98.000 лица.
Во САД се направени се 12.647.000 тестирања за Ковид-19, а бројот на оздравени лица надмина 361.000.