Emre Aytekin
17 Јануари 2022•Ажурирај: 18 Јануари 2022
ПЕКИНГ (АА) - Во последните 24 часа во континенталниот дел на Кина регистрирани се 223 случаи на коронавирусот, меѓу кои 163 се предизвикани од локална трансмисија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа регистрирани се 60 случаи на Ковид-19 поврзани со странство, а починати нема.
Од друга страна, пријавени се 11 асимптоматски случаи на Ковид-19, од кои еден е предизвикан од локално пренесување.
Во Кина, каде се појавија првите случаи на вирусот, досега се регистрирани 105.087 случаи на Ковид-19, а почина 4.636 лица. На лекување се 3.494 лица.
Кина продолжува да презема мерки за спречување на ширењето на болеста, особено во областите каде што е забележан поголем број на заразени.
Земјата применува стратегија на „нулта-случај“, каде настојува да го прекине ланецот на заразување таму каде што ќе се појави. Оваа стратегија ги опфаќа мерките на изолација, ограничувањата за патување и колективните тестирања. Сепак, оваа стратегија повремено предизвикува и негодување и критики со образложение дека го отежнува вообичаениот начин на живот, но и создава високи финансиски трошоци.