Islam Doğru
29 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во изминатите 24 часа во Соединетите Американски Држави (САД) како последица на коронавирусот починаа 1.873 лица, а од почетокот на епидемијата во земјата починаа вкупно 152.388 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
САД и понатаму се земја со најмногу заразени и смртни случаи од Ковид-19.
Податоците на „Worldometer“, интернет страница на која се достапни информации за епидемиолошката состојба во светот, покажуваат дека во последните 24 часа бројот на заразени лица е поголем за 65.017. Во САД досега од коронавирусот заразени се 4.500.130 лица.
За Ковид-19 направени се над 55,8 милиони тестирања, а бројот на оздравени надмина 2,1 милиони.
Земји со најмногу заразени по САД се Бразил (2.484.649) и Индија (1.538.899).
Со околу 475.000 заразени, Калифорнија е најпогодената американска сојузна држава. По неа следуваат Флорида со 441.977 и Њујорк со 441.262 заразени.