Mücahit Oktay
28 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус починаа 927 лица или вкупно 232.101, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Податоците на веб-страницата „Worldometer“ покажуваат дека бројот на заразени во САД во последните 24 часа е поголем за 72.589 и изнесува 9.039.170.
Во последните 24 часа потврдени се 927 нови смртни случаи од вирусот, односно вкупно досега 232.101.
Од вирусот досега се излекуваа над 5,87 милиони луѓе, додека за присуство на вирусот направени се над 135 милиони тестирања.
Најголем број случаи на вирусот, 927.518, се потврдени во сојузната држава Тексас, по која следуваат Калифорнија со 916.737 случаи и Флорида со 786.311 случаи.
Њујорк е сојузна држава со најголем број смртни случаи (33.600).
По САД, според бројот на заразени следуваат Индија (над 7,99 милиони) и Бразил (над 5,44 милиони заразени).