Emre Aytekin
26 Август 2020•Ажурирај: 27 Август 2020
АНКАРА
Бројот на заразени од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 24 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, од почетокот на пандемијата на Ковид-19 вирусот досега е потврден кај 24.061.216 лица.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), со 5.955.728 заразени лица.
Потоа следуваат Бразил со 3.674.176, Индија со 2.234.474, Русија со 966.189, Јужноафриканската Република со 613.017, Перу со 607.382, Мексико со 568.621, Колумбија со 562.182, Шпанија со 423.224, Чиле со 400.985 и Иран со 363.363 заразени лица.
Во Турција бројот на заразени со вирусот достигна 261.194.
Од почетокот на епидемијата од вирусот досега животот го загубија 823.513 лица, а оздравеа 16.608.605 лица.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.