Havva Kara Aydın
25 Август 2020•Ажурирај: 27 Август 2020
АНКАРА (АА) - Турција денес потврди 1.502 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, додека бројот на спроведени тестови надмина 6,5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, преку Твитер соопшти дека во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 887 оздравени пациенти, со што вкупниот број на излекувани од вирусот достигна 238.795.
Бројот на смртни случаи во земјата достигна 6.163, вклучително со 24 починати лица во изминатите 24 часа.
Здравствените работници во истиот период спроведоа 98.231 тестирање за дијагностицирање на вирусот, со што вкупниот број на тестирања од почетокот на епидемијата во земјата надмина 6,5 милиони.
Откако за првпат се појави во Кина минатиот декември, коронавирусот зеде околу 814.500 животи од 188 земји и региони во светот. САД, Бразил, Индија и Русија во моментов се најтешко погодени земји од вирусот.
Во светот досега дијагностицирани се речиси 24 милиони случаи на Ковид-19, а излекувани се скоро 15,4 милиони, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.