Zehra Ulucak
26 Февруари 2020•Ажурирај: 27 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус „Ковид-19“, што се појави во Вухан, во кинеската провинција Хубеи, надмина 81 илјада лица низ целиот свет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од појавата на „Ковид-19“ досега вкупно 2.762 лица ги загубија своите животи. Во Кина 2.715, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг 2, во Иран 15, во Јужна Кореја 11, во Италија 11, во Јапонија 5 лица, а по едно лице во Тајван, Филипини и Франција.
Во Кина коронавирусот е откриен кај 78.064 лица, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг кај 85, додека во Специјалниот Административен Регион Макао има 10 случаи. Во Тајван „Ковид-19“ е откриен кај 31 лице. Според податоците собрани од овластените здравствени установи и локалните медиуми на земјите за кои се известува дека имаат коронавирус, бројката на случаи е:
Јужна Кореја 1146, Јапонија 861, Италија 323, Иран 95, Сингапур 91, САД 57, Тајланд 40, Австралија 23, Бахреин 23, Малезија 22, Германија 17, Виетнам 16, Франција 14, Англија 13, Обединети Арапски Емирати 13, Канада 11, Кувајт 9, Шпанија 6, Ирак 5, Индија 3, Филипини 3, Русија 2, Израел 2, Оман 2, Австрија 2, Хрватска 1, Алжир 1, Непал 1, Шри Ланка 1, Камбоџа 1, Белгија 1, Шведска 1 , Швајцарија 1, Финска 1, Египет 1, Либан 1 и Авганистан 1.