Emre Aytekin
22 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
АНКАРА (АА) - Во светот како последица на коронавирусот Ковид-19 починаа 180.013 лица, покажуваат податоците на интернет страницата „Worldometer“, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Вкупниот број на заразени е зголемен на 2.588.283 лица.
Соединетите Американски Држави (САД) со 45.430 починати се земја со најголем број потврдени смртни случаи предизвикани од Ковид-19. Следат Италија (24.648), Шпанија (21.717), Франција (20769), Велика Британија (18.100), Белгија (6.262), Иран (5.391), Германија (5.127) и Кина (4.632).
Земји со над илјада потврдени смртни случаи се Холандија (4.054), Бразил (2.769), Турција (2.259), Шведска (1.937), Канада (1.871) и Швајцарија (1.478).
Новиот тип коронавирус се појави во декември минатата година во кинескиот град Вухан, и се прошири во над 200 земји и региони во светот.
Досега од вирусот се излекувани 706.423 лица, а моментално има 1.701.847 активни случаи.