Barış Seçkin
22 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
РИМ (АА) - Во Италија, бројот на починати од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа се зголеми за 437, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се искачи на 25.085, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за цивилна заштита преку писмено соопштение информираше за најновите податоци за Ковид-19 во земјата.
Во соопштението се истакнува дека вкупниот број на заразени со Ковид-19 изнесува 187.327.
Во изминатите 24 часа се излекувале 2.943 пациенти, што според Цивилната заштита преставува рекордна бројка. Вкупниот број на излекувани во земјата е зголемен на 54.543.
Во соопштението се наведува дека бројот на лица што починале од Ковид-19 во последните 24 часа се зголемил за 437, со што вкупната бројка во земјата се искачи на 25.085. Падот на бројот на оние кои се лекуваат на одделите за интензивна нега продолжува и денес. Вчерашната бројка од 2.471 е намалена на 2.384.
Наведено е дека во земјата спроведени се вкупно 1.513.251 тестирања за коронавирусот.
- Во Италија се дебатира за „2-та фаза“ -
Според италијанските медиуми, Владата на Италија се подготвува за „2-та фаза“ со која се предвидува постепено враќање на животот во нормала.
Се наведува дека италијанскиот премиер Џузепе Конте, со комесарот Виторио Колао, кого го назначи за одговорен за нормализација на економските активности во земјата, разговарал за секторите и деловните објекти на кои ќе им биде дозволено да започнат со работа во „2-та фаза.“
Исто така, се истакнува дека премиерот преку видеоконференција одржал состанок со претставниците на синдикатот. На средбата Конте рекол дека од 4 мај се планира враќање на активностите на секторите како што се производството, градежништвото и работа на одредени трговски претпријатија.