Gökhan Varan
25 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Турција во целост ја отфрла изјавата на американскиот Стејт департмент, кој непримерно го коментираше приемот на претставниците на палестинското движење Хамас од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател Ердоган во Истанбул во саботата го прими лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, и неговата делегација. Портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус, денес го коментираше тој прием и претставниците на Хамас ги нарече терористи, а приемот го оцени како штетен за палестинските интереси.
„Кон изградбата на мирот и стабилноста нема да допринесе тоа што терористи се нарекуваат легитимните претставници на Хамас, кои дојдоа на власт во Газа преку демократски избори“, се наведува во соопштението на портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој.
Аксој порача дека САД немаат право да им држат говори на други земји затоа што од својата листа на терористички организации отворено ја поддржуваат ПКК, и затоа што го вдоми водачот на терористичката организација ФЕТО.
Истакнувајќи дека САД за терористичка организација го прогласија Хамас, кое е едно од движењата што се залагаат за помирување на Палестинците, Аксој рече дека Вашингтон тогаш ја затвори и канцеларијата на Палестинската ослободителна организација и така го прекина контактот со палестинското раководство и со народот. Додаде дека САД така немаат увид во комплетната слика и вистина на Блискиот Исток.
„Ги повикуваме властите на САД да се откажат од служењето на интересите на Израел и со урамнотежена политика да помогнат да се најде праведно решение за израелско-палестинскиот конфликт“, порача Аксој.