Yeşim Sert Karaaslan
06 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
АНКАРА
Министерството за здравство на Турција информираше дека во последните 24 часа детектирани се нови 3.148 лица заразени од Ковид-19, а 75 лица ги загубиле животите. Според последните ажурирани податоци, вкупниот број на детектирани лица заразени со Ковид-29 изнесува 32.217, додека бројот на починати се искачи на 649, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели „дневната табела за коронавирусот во Турција“ со ажурирани податоци на дневно ниво, објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција.
Според табелата, вкупниот број на изработени тестови во Турција изнесува 202.845, при што 30.217 лица биле позитивни на тестот. Од последици предизвикани од заразеност од Ковид-19 во Турција досега починаа 649 лица, на интензивна нега се наоѓаат 1.415 лица, на респиратори се врзани 966 лица, додека излекувани се 1.326 пациенти.
Денес се изработени 21.400 тестови, при што позитивни на тестот биле 3.128 лица, излекувани се 284 лица, а животот го загубија 75 лица.
- „Вирусот моќта ја добива во контактна средина“
Министерот Коџа соопшти дека во блиска иднина бројот на тестови на дневно ниво ќе достигне бројка од 30.000.
Потенцирајќи дека забрзано ќе продолжи да се зголемува бројот на излекувани лице, министерот Коџа прокоментира „Може да се забележи дека и покрај зголемената борјка на тестови, имаме мал расто на новодетектираните лица заразени од Ковид-19. Вирусот моќта ја добива во контактна средина. Потребно е да останеме дома за да не му го дозволиме тоа на вирусот“.