Davut Demircan
06 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денес зборуваше по повод одбележувањето на 100. годишнина на Агенција Анадолија.
„Агенција Анадолија објавува точни и објективни информации од најтешките региони во светот. Taa не само што го крева гласот на Турција, туку и го крева гласот на жртвите и на угнетените“, рече Чавушоглу во својот говор во Министерството за надворешни работи.
Нагласувајќи дека АА покрива вести на 13 јазици на пет континенти како глобален бренд кој претставува национална гордост, Чавушоглу упати срдечни честитки до Агенција Анадолија по повод 100. годишнината од нејзиното основање.
„Секогаш ќе ги поддржуваме сите вработени во Агенција Анадолија кои работат ширум светот. Им посакувам уште многу успешни години. Уверен сум дека АА ќе успее уште повеќе од она што е денес“, додаде Чавушоглу.
Од своето основање, Агенцијата Анадолу работи на дистрибуирање на точни вести низ целиот свет со доверба, непристрасност, професионализам и брзина.
Се смета за една од најпрестижните новински агенции во светот, која во моментов објавува вести на 13 јазици и опслужува 6.000 претплатници во 93 земји, со најмалку 3.000 вработени во 100 земји.