Şenhan Bolelli
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
МАДРИД (АА) - Бројот на починати од епидемијата на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Шпанија во последните 24 часа се зголеми за 430, со што вкупниот биланс достигна 21.282, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија го ажурираше бројот на починати и новозаразени со вирусот Ковид-19.
Бројот на починати во земјата, каде што вчера беа регистрирани 399, денеска е зголемен на 430, со што вкупниот број на починати достигна до 21.282.
Бројот на случаи во земјата се зголеми на 204.178, со пораст од 3.968 во однос на вчерашниот ден.
Во последните 24 часа од вирусот се излекуваа 1.927 пациенти, со што вкупната бројка се зголеми на 82.514.
Во Шпанија, каде што вонредната состојба во борбата против Ковид-19 се спроведува од 14 март, Владата на Левата коалиција најави дека ќе продолжи до 9 мај.
Владата, која планира да ги ублажи мерките преземени со вонредната состојба, од 27 април на краток временски период на децата ќе им дозволи да излегуваат заедно со своите родители.
Наведено е дека засега не е планирано да се дозволи децата да играат во парк или со своите другарчиња.