Jeyhun Aliyev
06 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес имаше телефонски разговар со неговиот молдавски колега Игор Додон во врска со соработката во борбата против Ковид-19, соопшти Одделот за комуникации на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател и неговиот колега од Молдавија дискутираа и за билатералните односи како и за регионалните прашања.
Во Турција се регистрирани повеќе од 27.000 случаи на заразени со Ковид-19, а бројката на смртни случаи изнесува 574.
Според податоците на Универзитетот на САД Џонс Хопкинс, во Молдавија се детектирани 864 случаи на заразени лица, а во оваа земја има 17 смртни случаи.
Ковид-19 за првпат се појави во декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеи, и се рашири во речиси 200 земји.
Податоците покажуваат дека во светот има над 1,29 милиони потврдени случаи на вирусот, над 70.000 починати и над 270.000 излекувани лица.