Mustafa Melih Ahıshalı
22 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Иран починаа уште 129 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати се искачи на 1.685 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на иранската државна телевизија, Кијануш Џиханпур од Министерството за здравство на оваа земја информирал дека во последните 24 часа починале уште 129 лица од Ковид-19.
Џиханпур нагласи дека вкупниот број починати од оваа зараза се зголеми на 1.685 лица, додека бројот на откриени случаи на 21.638.
Тој рече дека 7.913 лица биле излекувани и отпуштени од болница.