Ekip
20 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
РИМ (AA) - Ангело Борели, директорот на Цивилната заштита на Италија соопшти дека во изминатите 24 часа починаа 627 лица од коронавирусот (Ковид-19), што е најголема бројка на починати во еден ден од ширењето на коронавирусот во оваа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Борели истакна дека со тоа вкупната бројка од последиците од коронавирусот починаа 4.032 лица. Италија по бројот на починатите е прва во светот, дури и пред Кина, во која започна пандемијата на коронавирусот во која смртно страдаа 3.248 лица.
„Прогнозите ги прават експертите, сигурно тоа е исправно, но мораме да видиме дали прогнозите ќе бидат точни. Можеби врвот нема да дојде во наредната недела, туку недела подоцна. Сите велат дека одиме кон врвот, се надеваме на тоа што е можно поскоро", истакна Борели.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март поради ширењето на коронавирусот прогласи глобална пандемија. Од Ковид-19 во светот починаа повеќе од 10.000 луѓе, а потврдени се над 250 илјади случаи на заразување со коронавирусот во 170 земји, велат податоците на СЗО.
Исто така, СЗО Европа на прогласи за нов епицентар на пандемија на коронавирусот, кој прв пат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан.