Bojana Stojanovic
20 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
БЕЛГРАД (AA) - Во Србија е забележана прва жртва од коронавирусот, а станува збор за машко лице (59) од Кикинда кој имал и други здравствени потешкотии, изјави премиерката на Србија Ана Брнабиќ јавува Агенција Анадолија (АА).
„Пред неколку саати во Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад почина машко лице на возраст од 59 години од Кикинда", рече Брнабиќ.
Премиерката прецизираше дека коронавирусот го добил од лице чиј син бил во Милано и кој сам се бори сега за животот.
Таа изрази сочувство на семејството, во името на Владата на Србија и претседателот Александар Вучиќ.
Како што рече, од вкупно 135 регистирани случаи на коронавирус во Србија, осум лица се наоѓаат на респиратори и „се борат за живот".
Брнабиќ најави дека од утре во 20 часот престанува јавниот превоз на целата територија во земјата, а од недела од 20 часот се затвораат ресторани, кафулиња, и трговски центри.