Fuat Kabakcı
13 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Националната здравствена комисија на Кина денес соопшти дека во последните 24 часа како последица на зараза со коронавирусот починале седум лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Комисијата наведоа дека со тоа бројот на починати од појавата на коронавирусот се зголемил на 3.179 лица. Истакнаа дека во последните 24 часа се регистрирани осум нови случаи на заболени од Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека тоа е прв пат билансот на починати и заболени за 24 часа да има едноцифрени бројки.
Во Кина во моментот има 80.813 регистрирани случаи на зараза со коронавирус, додека 12.161 лице се хоспитализирани заради медицински надзор
Од болница се отпуштени вкупно 64.111 пациенти.
Светската здравствена организација (СЗО) во средата, поради ширењето на коронавирусот, прогласи глобална пандемија. „Од Ковид-19 во светот починаа повеќе од 4.600 лица, а потврдени се 125.000 случаи на зараза со коронавирусот во повеќе од 110 земји“, наведоа од СЗО.