Nuri Aydın,Zuhal Demirci
16 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
АНКАРА
На светско коронавирусот (Ковид-19) е детектиран кај повеќе од 73.842.980 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19 во земјите од светот, досега животот го загубија 1.642.439 лица заразени со коронавирусот.
Вкупниот број на заразени се зголеми на 73.842.985, додека оздравеа 51.845.365 лица позитивни на Ковид-19.
Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на заразени и смртни случаи предизвикани од коронавирусот, со 17.143.942 позитивни на вирусот и 311.073 починати како последица на заразување со Ковид-19.
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на лица позитивни на Ковид-19 надминува 1 милион, се:
Индија (9.932.908), Бразил (6.974.258), Русија (2.707.945), Франција (2.391.447), Турција (1.898.447), Велика Британија (1.888.116), Италија (1.870.576), Шпанија (1.771.488), Аргентина (1.510.203), Колумбија (1.444.646), Германија (1.378.518), Мексико (1.267.202), Полска (1.147.446) и Иран (1.123.474).
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случаи надминува 10.000, се:
Бразил (182.854), Индија (144.130), Мексико (115.099), Италија (65.857), Велика Британија (64.908), Франција (59.072), Иран (52.670), Шпанија (48.401), Русија (47.968), Аргентина (41.204), Колумбија (39.356), Перу (36.817), Германија (23.692), Јужноафриканска Република (23.661), Полска (23.309), Индонезија (19.111), Белгија (18.178), Турција (16.881), Чиле (15.949), Украина (15.744), Еквадор (13.896), Романија (13.698), Канада (13.659), Ирак (12.614) и Холандија (10.168).