БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 1.593 лица во Бразил, 175 во Мексико, 338 во Аргентина, 693 во Колумбија, 110 во Перу, 151 во Чиле, 52 во Еквадор, 55 во Боливија, 150 во Парагвај и на 27 лица во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 1.593 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 512.735.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 64.134, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 18.386.894.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 16.582.053 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 175 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.051 новозаразен.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 232.521 смртен случај, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.503.408. Досега во оваа земја оздравеа 1.988.096 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 338 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 92.317. Во истиот период детектирани се 18.555 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.393.142.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.010.346 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 8. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 693 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 103.321.
Во последното деноноќие детектирани се 33.594 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.126.340. Во оваа земја досега оздравеа 3.829.487 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 110 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.462 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.046.057, од кои животот го загубија 191.584 лица, а оздравеа над 2.004.860 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 151 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 32.163.
Во истиот период регистрирани се нови 5.208 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.542.642, а оздравеа вкупно 1.478.841 лице претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 52 смртни случаи, вкупно 21.485 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.131 новозаразен, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 453.365.
Досега во Еквадор оздравеа 415.508 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 55 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.653.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 433.013, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 16.551. Досега оздравеа 353.032 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 150 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1.523 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 416.843, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.365.
Досега оздравеа 360.030 лица позитивни на коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 27 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 5.474.
Во истиот период детектирани се 1.296 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 364.859 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 340.352 заразени со Ковид-19.