БУЕНОС АИРЕС
Земјите од Латинска Америка продолжуваат да се борат со тенденцијата на зголемување на бројката на новозаразени и смртни случаи предизвикани од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пандемијата на новиот тип коронавирус во последните 24 часа одзеде 606 животи во Бразил, 576 во Мексико, 186 во Аргентина, 198 во Колумбија, 58 во Чиле, 44 во Перу и 42 во Гватемала.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 606 заразени во земјата, така што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 168.061. Во истиот период детектирани се 35.918 новозаразени, вкупно 5.981.767 од почетокот на пандемијата во оваа земја.
Бројката на оздравени лица во Бразил изнесува 5.407.498.
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 576 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 4.472 новозаразени.
Досега во оваа земја се регистрирани 100.104 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.019.543. Во оваа земја досега оздравеа 766.361 лице заразени со Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 4. место според бројот на починати во светот, а на 11. место според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 186 лица од последици предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 36.532. Во истиот период се детектирани 10.097 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.349.434.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.167.514 лица заразени со коронавирусот.
Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени на 20 март, со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, но поради повторното зголемување на бројката на заразени карантинот во одредени подрачја на 10 покраини е продолжен до 29 ноември.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 8. место во светот.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 198 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 34.761.
Во последните 24 часа детектирани се 7.487 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот изнесува 1.225.490. Во оваа земја досега оздравеа 1.132.393 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, се наоѓа на 10. место во светот според бројот на заразени со Ковид-19.
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа од последици на заразувањето со коронавирусот животот го загубиле 58 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата досега изнесува 14.955.
Бројката на новозаразени со Ковид-19 изнесува 1.454, вкупно 536.012 лица од почетокот на пандемијата, а од коронавирусот се оздравени 511.874 пациенти.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 44 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 717 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени изнесува 943.917, бројката на починати е 35.446, а бројката на оздравени лица се зголеми на 871.534.
Перу, со популација од околу 32 милиони жители, се наоѓа на 12. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.
Според вестите објавени во гватемалските медиуми, во последните 24 часа починале 42 лица како последица на заразувањето со коронавирусот, вкупно 4.050 смртни случаи од почетокот на пандемијата. Во последното деноноќие регистрирани се 685 новозаразени, вкупно 117.066 лица позитивни на Ковид-19.
Досега во оваа земја оздравеа 106.305 лица позитивни на коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact
