Sinan Doğan
23 Мај 2020•Ажурирај: 24 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во Мексико, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 479 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство, бројот на заразени со Ковид-19 во земјата се зголемил за 2.960 во последното деноноќие, со што вкупната бројка се искачила на 62.527.
Од Ковид-19 во последните 24 часа починале 479 лица, а вкупната бројка на починати достигна 6.989 лица.
Регистриран е најголем број дневни смртни случаи од појавата на епидемијата во земјата.
Бројот на лица што се излекувале од Ковид-19 во земјата е зголемен на 42.725.
Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е откриен на 28 февруари, а првиот смртен случај поврзан со вирусот беше на 19 март.