Andelija Stojkovic
23 Мај 2020•Ажурирај: 24 Мај 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во последните 24 часа во Србија се регистрирани уште 68 нови случаи на коронавирусот, додека едно лице почина, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што се наведува на веб-страницата со официјални податоци - covid19.rs, во последните 24 часа биле тестирани 4.415 лица.
Од коронавирусот во болниците низ Србија моментално на лекување се 665 лица, а на респиратори се 12 лица.
Од почетокот на епидемијата на коронавирусот, Ковид-19, во земјата починаа 238 лица, а стапката на смртност изнесува 2,15 отсто.
Вкупно тестирани се 214.212 лица, а потврдени се 11.092 случаи.