Gamze Türkoğlu Oğuz
19 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
АНКАРА - Индија е една од земјите во светот најпогодени од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Во оваа земја бројот на смртни случаи не се симнува под 500, пандемијата во Кина е под контрола, а во Јужна Кореја во последните два дена бројката на новозаразени е над 300, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последните 24 часа починаа 585 лица од последици предизвикани од Ковид-19, така што вкупниот број на починати се зголеми на 131.578.
Во последните 24 часа во Индија се детектирани 45.506 нови случаи на Ковид-19, вкупно 8.958.483 од почетокот на пандемијата. Досега оздравеа 8.383.602 лица позитивни на коронавирусот.
Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а трета според бројката на починати како последица на вирусот.
- Кина -
Кинеската Комисија за здравство соопшти дека во последните 24 часа на континенталното тло на Кина детектирани се 12 нови случаи на Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека сите 12 нови случаи на вирусот потекнуваат од странство.
Во последното деноноќие во Кина нема смртни случаи од Ковид-19, а вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 86.381.
Од појавата на коронавирусот досега, во Кина починаа 4.634 лица како последица на Ковид-19, а оздравеа 81.433 заразени со вирусот.
- Јужна Кореја -
Корејската агенција за контрола и превенција на болести соопшти дека во последните 24 часа во земјата се детектирани 343 лица позитивни на Ковид-19, од кои 293 се по потекло од внатрешноста на земјата.
Според тоа, веќе два дена се забележува раст на бројот на заразени лица на дневно ниво кој надминува 300.
Во Јужна Кореја каде што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот изнесува 29.654, во последните 24 часа починаа 2 лица.
Вкупно 498 смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се регистрирани во Јужна Кореја од почетокот на пандемијата.