Fuat Kabakcı
06 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати лица како последица на коронавирусот Ковид-19 во Кина е зголемен на 3.044 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина (NHC) денеска соопшти дека во изминатите 24 часа починале 30 заразени лица, со што бројот на починатите од заразата со опасниот вирус во таа земја е зголемен на 3.044. Во истиот период се регистрирани 143 нови случаи на зараза со Ковид-19.
Националната здравствена комисија наведува дека досега коронавирусот е потврден кај 80.552 пациенти.
Најмалку 29.890 лица во моментот се под медицински надзор, додека бројот на отпуштени пациенти изнесува 53.726.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, се рашири во над 80 земји во светот.
Светската здравствена организација (СЗО) го зголеми глобалниот степен на ризик од коронавирусот Ковид-19 од „висок“ на „многу висок“.