БУЕНОС АИРЕС
Повторно се зголемува бројката на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите од Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 964 лице, во Мексико 801, во Аргентина 165, во Колумбија 161, во Перу 63, во Гватемала 31 и во Еквадор, 21.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 964 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 182.799. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 42.889, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот се зголеми на 6.970.034.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 6.067.862 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 801 лице заразени со коронавирусот, а детектирани се 11.228 новозаразени.
Во Мексико со популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 115.099 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.267.202. Во оваа земја досега оздравеа 938.089 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 165 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 41.204. Во истиот период детектирани се 6.981 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.510.203.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.344.300 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 10. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 161 лице, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 39.356.
Во последните 24 часа детектирани се 10.130 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 1.444.646. Во оваа земја досега оздравеа 1.328.430 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 63 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.545 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број на заразени се искачи на 987.675, починаа 36.817 заразени, а оздравеа 922.314 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Гватемала
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, изминатите 24 часа регистрирани се 31 смртен случај предизвикани од заразување со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 4.476. Во истиот период детектирани се 677 новозаразени, вкупно 130.082 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 118.793 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 21 смртен случај, вкупно 13.896 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 176 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 202.356. Досега во Еквадор оздравеа 177.951 лица кои биле позитивни на коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact
