Servet Günerigök
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
БАЛТИМОР
Во последните 24 часа од пандемијата на Ковид-19 во САД починаа 921 лица. Досега во таa земјата се регистрирани 6.058 смртни случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени утринава покажуваат дека во САД досега починале 6.058 лица, а најтешко е погодена државата Њујорк во која се забележани повеќе од 2.300 смртни случаи на заболување од Ковид-19.
„Потврдени се дури 245.559 случаи на заразување со коронавирусот, што е убедливо најмногу во светот, додека 9.228 лица се излекувале“, наведуваат податоците од Универзитетот од Балтимор.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март, поради ширењето на коронавирусот прогласи глобална пандемија. Исто така, СЗО, покрај Европа, за нов епицентар на пандемијата на коронавирусот, кој првпат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, ги прогласи и САД.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од Ковид-19 во светот починале повеќе од 53.100 лица, а потврдени се над 1.000.000 случаи на заразување со коронавирусот во повеќе од 180 земји. Досега се излекувале повеќе од 210.000 лица.