Şenhan Bolelli
21 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
МАДРИД
Министерството за здравство на Шпанија објави дека последните 24 часа се детектирани 529 лица позитивни на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство, денес се регистрирани 529 новозаразени лица, што е пад во однос на вчерашните 685 лица позитивни на коронавирусот. Вкупниот број на лица во Шпанија кај кои е детектиран коронавирусот од почетокот на паднемијата досега изнесува 266.194.
Новозаразените воглавно се детектирани во автономните области Арагон (187), Навара (82), Каталонија (63) и Мадрид (43).
Покрај тоа, шпанското министерство ја ревидираше бројката на починати од Ковид-19, зголемувајќи ја за 2 лица и изнесува 28.424 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
- Состојбата во Каталонија
Од друга страна, автономната област Каталонија која од почетокот на пандемијата во Шпанија спроведува одделно пресметување на заразените од коронавирусот, објави дека во последните 24 часа се детектирани 590 новозаразени случаи.
Според записите на погребалните служби, владата на Каталонија соопшти дека досега во Каталонија од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубиле 12.644 лица, додавајќи дека меѓу заразените со коронавирусот кои се лекуваат во болниците, 58 лица се наоѓаат во тешка здравствена состојба.
Освен тоа, Општина Барселона соопшти дека како дел од превентивните мерки против ширењето на пандемијата во Каталонија, максималниот капацитет од 40.000 посетители на 10 градски плажи ќе биде намален на 32.000.
- Состојбата во Португалија
Владата на Португалија информираше дека последните 24 часа во земјата животот го загубиле 6 лица како последица на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот на 1.697.
Во последното деноноќие се детектирани 127 новозаразени со новиот тип на коронавирус, од кои 79,5% потекнуваат од главниот град Лисабон и неговата околина.
Вкупниот број на лица заразени со коронавирусот во Португалија изнесува 48.898, додека оздравеа 33.769 пациенти заразени со Ковид-19.