Safvan Allahverdi
20 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
ВАШИНГТОН
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 717 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 121.424 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 33.246 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.298.108.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 717 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 121.424.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 1.038.568 откриени случаи, Русија со 576.952 откриени случаи, и Индија со 397.023 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Калифорнија.
Во Њујорк откриени се 409.593 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 31.159 лица.
Во САД досега се направени над 27 милиони и 339 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 956.000.