Islam Doğru
25 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 808 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 124.308 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 38.399 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.463.923.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 808 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 124.308.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 1.193.609 откриени случаи, Русија со 613.994 откриени случаи, и Индија со 474.587 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Калифорнија и Њу Џерси.
Во Њујорк откриени се 413.355 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 31.346 лица.
Во САД досега се направени над 30 милиони и 80 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 1 милион и 40 илјади.