Burak Dağ
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
АНКАРА
Најмалку девет терористи на ПКК, кои го убија жандармерискиот командант мајор Арслан Кулаксиз во 2015 година, се приведени, соопшти Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се вели дека Жандармериската команда во Мус идентификувала 13 осомничени лица, кои го убиле Кулаксиз и им помагале на терористите на ПКК/КЏК.
Жандармериските сили извршија истовремени операции во Мус и Баликесир и фатија девет осомничени лица.
Во операциите се запленети и документи и дигитален матријал во сопственост на терористичката организација.
Тројца од осомничените лица се неутрализирани во неколку операции извршени од безбедносните сили.
Во тек се операции за фаќање на останатите осомничени, се вели во соопштението.
На 27 јуни 2015 година, Кулаксиз беше нападнат од страна на терористите на ПКК/КЏК во Мус, каде патувал во кола заедно со неговата сопруга.
Тој беше убиен во предавнички напад, а неговата сопруга Сибел Фунда Кулаксиз беше повредена.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.