Merve Yıldızalp Özmen
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 82.984, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 30.395 тестирања за Ковид-19, од кои 1.977 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 57 лица како последица на оваа пандемија, а излекувни се уште 4.782 лицa.
Во Турција се извршени вкупно 1 милион 265 илјади и 119 тестирања, откриени се вкупно 133.045 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 3.641 лице.
Се нагласува дека 1.260 лица се наоѓаат на интензивна нега, додека вкупно излекувани се 82.984 лицe.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Бројот на извршените тестирања наскоро ќе достигне 1.5 милиони. Исто така, во споредба со вчера, забележан е пад во бројот на починати и на лицата кои се наоѓаат во интензивна нега. Вирусот треба да го победиме со мерки. Докажавме дека не е тешко да се постигнат резултати“, напиша Коџа.