Ercan Çakar
01 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
БРАТИСЛАВА (АА) - Без разлика дали се споменува под името Позсони, како што ја нарекуваа Унгарците или според германското име Пресбург, главниот град на Словачка, Братислава секоја година привлекува се повеќе и повеќе посетители, како поради поради знаменитостите и богатата историја, така и поради близината на големите градови во Централна Европа, пишува Anadolu Agency (AA).
Убавицата на Дунав, како што уште ја нарекуваат, се наоѓа на западната граница на Словачка и е во близина на Виена, Будимпешта и Прага.
Токму оваа близина е една од причините зошто Братислава се повеќе се наоѓа во каталозите на туристичките агенции и мапите на оние кои имаат намера да одат на тура низ Централна Европа.
Меѓу местата кои треба да се посетат за време на турнејата на овој културен, економски и политички центар, се бројните музеи, театри, универзитети.
Со својата убавина инспирира посебно стариот дел од градот, каде што се сместени замокот, катедралата Св. Мартин, црквата св. Елизабета, познат како Плава Црква.
Покрај тоа, можно да се види големиот компас кој покажува позиција во однос на неколку европски градови, како и бројни скулптури кои туристите најчесто ги користат за да направат прекрасни фотографии.
Откако Османлиите го освоиле поголемиот дел на Унгарија, Братислава стана престолнина на царевите, архиепископи и благородништвото, а од 1563 година до 1830 година тука биле крунисан неколку унгарски кралеви и кралици.
Во космополитски град со околу половина милион луѓе секоја година се одржуваат голем број фестивали и саеми.