Stipe Mayiç
13 Јули 2016•Ажурирај: 14 Јули 2016
ЗАГРЕБ (AA) - Три месеци по затворањето на бегалскиот камп во Славонски брод и затворањето на т.н. Балканска рута на која секојдневно минуваа илјадници луѓе во потрага по сигурноста, иницијативата "Добродошли!" и фотографот хуманитарец Даг Оршиќ во Загреб jа претставија изложбата „Луѓе“, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата е приредена на Цветниот плоштад и се состои од десет паноа со 20 фотографии, портрети на бегалците кои минуваа низ Хрватска во текот на бегалската криза.
„На лицата на луѓето на фотографиите и нивните очи можат да се исчитаат стравувањата и непријатностите кои ги поминале на патот од своите домови каде што се војува, преку Средоземјето, кое за многумина стана гробиште, па се до Хрватска", изјави Емина Бужинќиќ од иницијативата "Добродошли!".
Авторот на изложбата Даг Оршиќ со години работи како хуманитарец во бегалските кампови и прифатните центри за азиланти во Хрватска. Со своите фотографии ја долови хуманитатната криза која започна во септември 2015 година.
Главната цел на изложбата е да ги поттикне оние кои ќе ја гледаат изложбата на размислување за проблемите за миграциите, но и улогите и етикетите кои си ги доделуваме на самите себе си, а на другите им ги наметнуваме, порачано е на отворањето на оваа изложба.
Изложбата ќе биде отворена до 20 јули.