Furkan Abdula
21 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) – Под покровителство на турското Претседателство и со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ вечерва во Скопје се изведе мјузиклот „Птицата Симург“, јавува Anadolu Agency (AA).
Скопје беше првата станица на балканската турнеја на овој мјузикл, на кој вечерва, покрај претставници на институциите и здруженијата од земјата, присуствуваа и голем број граѓани и поканети гости.
Шефот на оркестарот на мјузиклот „Птицата Симург“, Муса Ѓочмен во изјава за медиумите истакна дека мјузиклот „Птицата Симург“ е дело во кое може да се пронајде сета музика од турската култура, дело кое ја раскажува турската култура.
„Многу возбудлив проект. На секое место беше пречекан со голем интерес. Веруваме дека како резултат на оваа балканска турнеја ќе допреме во многу различни срца“, рече Ѓочмен.
Директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Шемсетин Шекер, изрази задоволство што Институтот вечерва е домаќин на овој мјузикл.
Мјузиклот се состои од хор, оркестар и танцова група од вкупно 45 лица од Одделот за музика при Генералната дирекција на ТРТ. На настанот беа организирани танцови и испеани песни кои ја рефлектираат турската култура.
Овој мјузикл се организира под покровителство на турското Претседателство, со поддршка на ТРТ, Институтот „Јунус Емре“, на Турскиот владин фонд за промовирање, министерствата за култура и за надворешни работи на Турција, на Градот Истанбул.