İzzet Taskiran
28 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) – Деловите од мозаикот „Ромска девојка“ коишто беа изложени во Државниот универзитет „Боулинг Грин“ во американската сојузна држава Охајо, САД, со редовна линија на Турската национална авиокомпанија се донесени во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според договорот потпишан претходно помеѓу Министерството за култура и туризам на Турција и Државниот универзитет „Боулинг Грин“, 12-те парчиња од мозаикот „Зеугма“ коишто со пригодна свеченост им се предадени на турските власти, пристигнаа на аеродромот во Чикаго.
На аеродромот внимателно натоварените делови од мозаикот со авион на Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) беа испратени за Турција.
По пристигнувањето на аеродромот „Ататурк“, деловите од мозаикот сместени во контејнери, беа префрлени во одделот за карго.
- Парчињата се во САД од 1965 година
Дел од мозаикот на Зеугма бил земен за време на дивите ископувања во областа Орен во 1960-тите години и по илегални патишта биле изнесени во странство.
Државниот универзитет „Боулинг Грин“ во 1965 година за 35.000 долари ги купил мозаиците „Зеугма“ од Петер Марк, трговец со уметнички дела.
Оттогаш мозаиците беа изложени на влезот од Универзитетот, во Уметничкиот центар „Вулф“, сместени во стаклени панели.