Ahmed Abdelsalam Ahmed Nassr,Zeynep Tüfekçi
29 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
ДОХА (АА) - Светската асоцијација на муслиманските научници, го осуди терористичкиот напад врз аеродрот Ататурк во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава на генералниот секретар на оваа асоцијација, Али Карадаги, истакна дека некои внатрешни и надворешни сили ја земале за цел Турција.
„Без разлика кој е поддржувач, ова е тероризам“, изјави Карадаги, и повика да и се даде поддршка на Турција во борбата против тероризмот, кој е против турскиот народ, државната политика, економија и сака уништување на општеството.
Карадаги, го осуди нападот, а на Турција, турскиот народ и на семејствата кои во нападите ги загубија своите најблиски, им изрази сочувство. На повредените во нападот им посака брзо закрепнување на повредените.