Arife Yıldız Ünal
26 Август 2017•Ажурирај: 27 Август 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 202.000 патници вчера поминаа низ аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, а од истиот аеродром полетаа и слетаа 1.495 авиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од Министерството за транспорт и врски на Турција, вчера е забележано значително зголемување на бројот на патници во сообраќајот, а по повод претстојниот празник Курбан Бајрам.
Од аеродромот „Ататурк“, полетаа и слетаа најмалку 1.495 авиони, а низ аеродромот поминаа најмалку 202.000 патници.
Истиот ден на аеродромот во турскиот град Анталија полетаа и слетаа 793 авиони, а фреквентноста достигна 131.173 патници.