САРАЕВО (АА) - Комлексот на Воената џамија на Игман кај Сараево, чиј иницијатор е Фондот на меморијалот веќе неколку години е актуелен, а за негова реализација интерес почнаа да покажуваат одредени странски инвеститори, пишува Anadolu Agency (AA).
Освен џамијата веќе се изградени теќиња, мусафирхани (преноќувалиште) и простории за земање абдест, а постои и мусала, повеќенаменски отворен простор за извршување на верски обреди и работилници. Планирана е изградба на неколку објекти меѓу кои се наоѓа објектот од апартмански тип, музејска галерија, ресторан со своевидни простории за спиење и простории за видео надзор.

Имамот на џамијата Харун Хоџиќ потсети дека изградбата на Воената џамија на Игман започнала во ноември 1993 година и дека оваа џамија била отворена во февруари 1994 година. Основата на објектот е поддржана од дрвени столбови со четвороводен покрив и дрвено минаре. Работата ја извршија војници верници од единиците на Првиот армиски корпус на Армијата на БиХ. Џамијата била изградена во текот на зимскиот период.
„Оваа џамија не го памети историјатот на Гази Хусрев беговата џамија, или нема големи габарити, не се вложени во неа 19 милиони долари како џамијата на Фахд и останатите џамии во БиХ, но нејзините темели се всушност крвта на нашите шехиди, раце и нозе на нашите газии, молитвите на мајките кои ги праќале за своите синови во борба, молитвите за сирачињата на кои им е нанесена неправда. Вусшнот ова е џамија со која му покажавме на целиот свет дека нема да заминеме од БиХ, туку ќе останеме тука, иако ни се срушено 614 џамии со минариња и 300 месџиди, мектеби и останати објекти на Исламската заедница “, изјави Хоџиќ за Anadolu Agency (AA).
- Џамијата отворена во текот на целата година -
Тој додаде дека тоа е единствена од четирите џамии градени за време на последната војна во БиХ, која останала во функција денес, а првиот имам бил Омер ефенди Крупалија.
„Сакаме да кажеме дека ова е џамија која е изградена и како одговор на сето она што злосторниците во тој период го рушеа, нашите темелни вредности и наши џамии“, истакна Хоџиќ кој рече дека е планирана и изградба на галерија во која ќе бидат претставени сите срушени џамии во БиХ.
Хоџиќ изјави дека џамијата покрај децата од сите делови на БиХ, ја посетуваат и домашни, но и странски туристи, поголемиот дел од исламскиот свет. Тој додаде дека џамијата е полна секој петок, кога се извршува петочната молитва, без оглед на тоа дали станува збор за зимски или летен период.
Тој смета дека во пролетта, нема подобро место за одмор на душата со оваа џамија чиј капацитет изнесува до 150 верници, додека во надворешниот простор може да собере и неколку илјади лица.

Директорот на Фондот на меморијалот Суад Зијадиќ, изјави дека е планирана изградба на неколку објекти покрај Воената џамија на Игман. До сега е направено идејно решение, добиени се одредени согласувања, а следниот чекор е добивање на согласност од Кантоналниот завод за заштита на културно-историското и природно наследство и Исламската заедница на БиХ, која е сопственик на неколку изградени објекти.
Зијадиќ исто така истакна дека нови детали на проектот се два отворени амфитеатри наменети за посетителите и оние кои можат да оддржуваат часови по историја, мектебска настава и собири на отворено.
- Интерес за комплексот веќе покажаа арапските земји и Турција -
Зијадиќ изјави дека и еден од следните чекори е покренување на иницијатива за претворање на шумско во градежно земјиште. Веќе се извршени одредени разговори со потенцијалните донароти, а интерес покажаа и арапските земји и Турција.
Тој додаде дека станува збор за многу интересен простор и идеја и постојат неколку причини за изградба на галерија на простор оддалечен од градот.
Тој потсети дека во текот на војната, кога биле рушени џамиите и верските објекти на Исламската заедница, биле изградени четири џамии а една од нив е Воената џамија на Игман.
„Тие се изградени воглавно за потребите на верниците борците на Армијата на БиХ. Единствена која остана во функција е оваа џамија. Одредената симболика на тој простор е да изградиме објект кој ќе биде траен сведок на урбицидите над објектите на Исламската заедница, особени над џамиите и теќињата“, вели Зијадиќ.
- Основата за 'музејска приказна' книга во три тома -
Основата за 'музејска приказна' е книгата "Слики на злосторствата" во три тома, направена во соработка со Центарот за исламска архитектура, која допрва треба да биде отпечатена. Во првиот том, станува збор за објекти уништени на подрачјето на Федерацијата на Босна и Херцеговина, вториот на подрачјето на Република Српска, а третиот во подрачјето на Дистриктот Брчко. Книгата е веќе преведена на неколку јазици (арапски, турски, англиски ...), но сè уште постои потрага по донатор, бидејќи станува збор за поскап објект.
„Таа е нашиот влез и основа за поставување на галерија која ќе се организира во таа област. Сите џамии кои беа уништени, снимени во ова издание со три тома, од кои сите дефинитивно се опфатени и направени по принципот - како изгледала кога била срушени и ако е обновена, како денес изгледа. Сите ќе бидат претставени во таа галерија“ , појасни Зијадиќ кој додаде дека веќе имаат историјат и фотографии од џамиите, при што се одлучиле да биде направена галерија.
Тој истакна дека планираат три локации со кои управува Фондот на меморијалот (Меморијален центар Ковачи, Меморијален комплекс Воен тунел на спасот и Споменички коплекс на Игман) да се сврзат во една туристичка понуда за која смета дека би била многу атрактивна како за домашните така и за странските туристи.
Зијадиќ додаде дека планираат комплексот да биде отворен во текот на целата година.
news_share_descriptionsubscription_contact
