Bekim Laci
24 Февруари 2016•Ажурирај: 25 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Националната галерија во Скопје, Центарот за информирање за култура, Министерството за култура и Општина Чаир, ја примија донацијата од 25 слики донирани од страна на албанскиот сликар Омер Калеши, со цел да се претвори во постојана галерија која ќе го носи неговото име, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорката на Националната галерија, Дита Старова, изјави за новинарите дека Калеши е уметник од највисок калибар, присутен со неговите дела во САД, Франција, Турција и многу други земји во светот, затоа отворањето на една галерија со негово име ќе биде чест за нив.
„Ќе биде голем момент овие дела да бидат изложени постојано во градот Скопје. До крајот на 2016 година, проектот ќе биде завршен, сликите веќе се пристигнати”, рече Старова.
Сепак сликарот Омер Калеши изрази убедување дека делата за кои тој има работено ќе бидат изложени во галеријата која ќе го носи неговото име, за што им се заблагодарува на институциите кои овозможија спроведување на проектот.
Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехаби, рече дека иницијативата е постара, но спроведувањето на проектот не е изведен порано бидејќи Националната галерија во Скопје, долго време работела без директор.
Инаку, Калеши е роден во селото Србица, Кичевско, а во 1950 година дипломирал на Техничкото средно училиште насока електрика, во Скопје, по што емигрирал во Турција за да студира на Академијата за ликовни уметности во Истанбул. Ги завршува неговите студии во класата на сликарот Бедри Рахми.