Vesna Besiç
26 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Светски познатиот ланец на музеи „Ми“, кој кон крајот на минатата година во Истанбул ги отвори вратите на својата 21. подружница, е место во кое се наоѓаат 60 восочни фигури на истакнати историски, културни, политички и спортски турски и светски личности, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу восочните фигури се наоѓаат и скулптурите на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, американскиот претприемач Стив Џобс, персискиот исламски филозоф, теолог и поет од 13 век, Џелаледин Мевљана Руми и познатиот османлиски архитект Мимар Синан.
Во музејот има скулптури и на боксерската легенда Мухамед Али, научникот Алберт Ајнштајн, скулптура на Леонардно да Винчи, фудбалерот Нејмар, композиторот Волфганг Амадеус Моцарт, првата жена-пилот во Турција, Сабиха Ѓокчен, како и холивудските ѕвезди Бред Пит, Леонардо ди Каприо и Том Круз.
Меѓу восочните фигури се наоѓаат и скулптурите на Мерилин Монро, Одри Хепберн и Мајкл Џексон.
Музејот се наоѓа во главната пешачка зона во европскиот дел на градот во улицата „Истиклал“, во реновираниот објект Гранд Пер, и се простира на површина од 2.000 квадратни километри.