Eşref Musa,Burak Karacaoğlu,Mohamad Misto
03 Мај 2018•Ажурирај: 05 Мај 2018
ИДЛИБ (АА) - Сириецот Азиз Есмер со графити на ѕидовите на урнатите згради во Идлиб се обидува да ги избрише трагите од војната, но и да ѝ порача на меѓународната заедница дека „цената на нивната желба за слобода бил масакрот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Триесетгодишниот уметник, кој живее во местото Биниш во сирискиот град Идлиб, веќе една година ги исцртува ѕидовите на објектите урнати во воздушните и во копнените напади. И покрај фактот дека на графитите се наоѓаат работи кои ја опишуваат војната во Сирија, Есмер со уметноста сака да ги прикрие трагите од војната.
На ѕидовите се наоѓаат и пораките на исламскиот свет: „Надеж“, „Слобода за Ал-Акса”, „Земете ги вашите кампови, вратете ни ја татковината“.
Во разговор за Anadolu Agency (AA), тој потсети дека силите на режимот, на нивната желба за слобода, одговориле со силно вооружување. Посочи дека со помош на уметноста тоа сака да го покаже на меѓународната заедница.
Есмер нагласи дека со цртање на графити на урнатите објекти сака да ги избрише трагите од војната кои предизвикуваат болни спомени кај сирискиот народ.
„Сликите покажуваат дека силите на режимот на Асад рушеле училишта, болници и сите други елементи за живот. И покрај сите губитоци, имаме правичен случај на борба за слобода“, додаде овој сириски уметник.