Cuneyt Davut
24 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) – Турскиот културен центар "Јунус Емре" во Скопје, од своето основање во 2010 година, преку своето работење и организираните активности во Република Македонија ја промовира турската цивилизација.
Оаа институција претставува чекор на “културна дипломатија” во однос на промовирање на турскиот јазик, турската култура, историја и уметност низ целиот свет. Културните центри,кои денес ги има на 45 места во светот, во своите региони ја создаваат турска атмосфера и станале еден од прозорците на Турција, која има направено голем напредок и големи достигнувања во областа на економијата, науката и интелектуален план.
Директорот на Турскиот културен центар "Јунуз Емре"-Скопје, Доц. Д-р Мехмет Самсакчи, во разговор за АА вели дека културните центри се во потрага да отварат една врата за заедниците, пријателите, како и заедно со другите нации кои многу малку знаат за Турција и Турците и кои воопшто не ја знаат вистинската Турција и турскиот народ.
"Скопје има посебно место во срцето и мислите на Турција и Турците. Скопје е еден од големите центри на нашата нација и нашата цивилизација", вели Самсакчи,објансувајќи дека ТКЦ "Јунус Емре" во Скопје во 2010 година беше отворен од страна на тогашниот министер за надворешни работи, а сегашниот премиер на Турција, порф. Д-р Ахмет Давутоглу.
Опишувајќи го Скопје како еден од најкритичните и најстратешките точки на Балканите, па дури и на Европа, Доц. Д-р Самсакчи истакна дека културниот центар "Јунуз Емре" во Скопје, со 15 вработени продолжува да работи како институција чиј збор се почитува во Република Македонија, чии активности се следат, како и дека за нив постои голем интерес.
"Бројот на курсистите во "Јунус Емре" Скопје, до јануари 2016 година е покачен на 417" , вели директорот директорот на "Јунус Емре" во Скопје ,додавајќи дека оваа институција не само за граѓаните, туку е во функција на останатите институции како што се Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, Халкбанк и ТАВ кои изучуваат курсеви по турски јазик.
Директорот Самсакчи, освен за курсевите по турски јазик, помеѓу останатото, се осврна и на другите активности на оваа институција, велеќји дека турскиот културен центар "Јунус Емре" во Скопје ги носи "историските и актуелните вредности, уметноста, знаењето, мудроста на Турција во Македонија, донесување на лица и организации од Турција кои учествуваат во големите,меѓународни организации тука во Македонија е овозможено од Турскиот културен центар "Јунус Емре" во Скопје.
Потенцирајќи дека со години, уметниците од Турција учествуваат на разни фестивали одобласта на кинематографијата, книжевноста, музикаа, кои што се организираат во Македонија, доаѓат со помош и средствата на институцијата чиј е директор, Самсакчи вели дека на тој начин оваа "културна институција станува причина да се случуваат добрите работи".
Исто така, во разговорот директорот Доц. Д-р Самсакчи истакнува дека Скопје и Македонија за Турците не е непознато место.
"Во оваа смисла, ние подготвуваме и вршиме и активности и за нашите сонародници во Скопје, но во исто време на македонското општество им ја промовираме нашата култура, нашата историја и нашата цивилизација ", истакнува тој.
Самсакчи додава и дека Турскиот културен центар "Јунус Емре" во Скопје има посебна чест што е еден од првите отворени културни центри.
Разговорот за АА, Самсакчи го завршува изразувајќи благодарност на Македонската држава која на културниот центар му излезе в преср, а упати и благодарност до македонскиот народ за гостопримството.