Senita Sehercehajic
26 Мај 2024•Ажурирај: 29 Мај 2024
КАН (АА) - Филмот „Анора“ на американскиот режисер Шон Бејкер ја освои „Златната палма“ на 77. Филмски фестивал во Кан, кој заврши синоќа со доделувањето на наградите, јавува Анадолу.
„Гран-при“, втората награда на фестивалот, ја освои филмот од Индија „Сѐ што замислуваме како светлина“ во режија на Пајал Кападија.
Специјалното признание на жирито му припадна на мјузиклот „Емилија Перез“ на францускиот режисер Жак Одријар.
Наградата за најдобра актерка оваа година ја поделија четири актерки од споменатиот мјузикл: Карли Софија Гаскон, Зои Салдани, Селена Гомез и Адријана Паз.
Наградата за машка улога му припадна на Џеси Племонс за три улоги во три сегменти од омнибусот „Видови на добрина“ во режија на Јоргос Лантимос.
Втората посебна награда на жирито ја доби иранскиот режисер Мухамед Расолоф за филмот „Семето на светата смоква“.
Португалскиот режисер Мигел Гомеш ја доби наградата за режија за филмот „Гранд тур“, а за сценарио француската актерка Коралин Фаргеат за хорор комедијата „Супстанција“.
За најдобар дебитантски филм награден е Халфдан Улман Тондел за драмата „Арманд“.
Оваа година на листата на наградени се најде и хрватскиот филм „Човекот кој не можеше да молчи“ на режисерот Небојша Слијепчевиќ, кој ја доби „Златната палма“ за краткометражен филм.