Ekip
25 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во врска со операциите насочени кон Мосул изјави: „Доколку настане некаква закана насочена кон Турција, ние освен копнените сили, ќе ги употребиме сите наши можности. Доколку постои некаква закана за Турција, доколку развојот на настаните во Ирак почне да станува закана за безбедноста и стабилноста на Турција, како што заканата од ДЕАШ го пречекори нашето трпение во Сирија, доколку почне да расте заканата за Турција во Синџар и во останатите подрачја, покрај копнените операции, ќе ги искористиме правата што потекнуваат од меѓународното право и нашата моќ за да ја отстраниме заканата насочена кон нас“, јавува Anadolu Agency (AA).
- „Знаеме да ги отстраниме со сопствените можности“
Министерот за надворешни работи на Турција, Чавушоглу, во врска со терористичката организација ПЈД/ПКК го рече следното: „Им рековме на Американците дека доколку тие самите (ПЈД/ПКК) не се повлечат од Мунбич, ние знаеме како да го направиме тоа“.
- „Според мене, тој е терорист кој не вреди пет пари“
Во врска со паричната награда што се нуди за фаќањето на Адил Оќуз, министерот Чавушоглу го рече следното: „Според мене, ова лице е терорист кој не веди ниту пет пари. Тој не вреди пет пари, но се разбира дека во насока на успешно спроведување на оваа наша борба и постигнување на зададената цел, потребно е да се пронајдат овие предавници. Не се знае ни дали избегал во странство или сѐ уште е во Турција. Нема такви информации“.