АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција нема да дозволи дискриминација против која било малцинска група во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на состанокот со турските Роми во претседателскиот комплекс, Ердоган изјави: „Не постои разлика за нас меѓу Турците, Ромите, Курдите, Лазите, Босанците, Грузијците, сите ние меѓусебно имаме љубов во име на Бога”.
Турскиот претседател рече дека нема да дозволи каква било дискриминација против турските Роми или кои било други малцински заедници.
Тој изјави дека врските со турските Роми датираат уште од деновите на неговото детство во истанбулското подрачје Касимпаша, каде што имало голема популација на Роми.
Понатаму потсети на третирањето на Ромите од нацистите во Германија за време на Втората светска војна и регулацијата на Франција за заедницата. Го критикуваше таквиот третман на ромската заедница од страна на Германија и Франција кои се нарекуваат себеси за „цивилизирани“ земји.
Во 2010 година, француската Влада покрена Програма за репатријација насочена кон илјадници членови на ромската заедница и објави чекори за затворање на нелегалните кампови во кои тие живееле.
Бидејќи Ромите се граѓани на ЕУ, францускиот закон им дозволува да добијат дозволи за работа и престој за повеќе од три месеци.
Во јануари 2014 година, францускиот весник „Ле монд“ (Le Monde), цитирајќи Извештај на Европскиот центар за правата на Ромите, објави дека во 2013 година, биле затворени 165 кампови и 19.380 Роми биле протерани, што изнесува многу поголем број од претходните две години заедно.
Според Европската комисија, популацијата на Ромите во Европа за 2016 година се проценува од 10 до 12 милиони.
Турските официјални лица го проценија бројот на Ромите во Турција на околу 600.000, пренесуваат локалните медиуми.
- Борбата против тероризмот -
Ердоган изјави дека за време на операцијата „Маслинова гранка“ во северозападниот сириски регион Африн, биле неутрализирани најмалку 4.108 терористи.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со Турското право, засновано на Меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014). Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана.
Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Во операцијата се уништуваат само терористичките цели и дека се води голема грижа за да се избегне нанесувањето штета на цивилите.
Турскиот претседател рече дека бројот на неутрализирани терористи на ПКК во северен Ирак достигнал 337.
Воздушните напади врз целите на ПКК во северен Ирак, каде што терористичката група ја има својата главна база во регионот на планината Кандил, во близина на иранската граница, се спроведуваат редовно од јули 2015 година.
Вкупно 173 терористи се неутрализирани во антитерористичките операции во Турција.
news_share_descriptionsubscription_contact
