Emre Gürkan Abay
05 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
СЈАМЕН (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека санкциите нема да ја одвратат Северна Кореја од нуклеарната програма, и додаде оти Северна Кореја се сеќава што се случи во Ирак и во Либија, и никогаш нема да се откаже од нуклеарната програма, сѐ додека не се чувствува безбедна, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин во рамките на Самитот на лидерите на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), кој се одржува во градот Сјамен, во кинеската покраина Фуџијан, даде изјава за медиумите.
Тој истакна дека тие како Русија го осудуваат нуклеарните проби на Северна Кореја. „Но Северна Кореја се сеќава што се случи во Ирак и во Либија. Секој знае што му се случи на Садам Хусеин, кој престана со производството на оружје за масовно уништување. Затоа санкциите нема да ја одвратат Северна Кореја од нејзината нуклеарна програма“, пренесе Путин.
Путин истакна дека со воена интервенција нема да се постигне резултат во решавањето на прашањето во врска со Корејскиот Полуостров: „Сѐ додека не се чувствуваат безбедни, никогаш нема да се откажат од нуклеарната програма“, додаде тој.
Исто така, Путин вели дека со цел Северна Кореја да се чувствува безбедна, потребно е повторно да се обезбеди меѓународното право, и оти треба се воспостави дијалог меѓу сите вклучени страни.
„Сѐ уште е рано да се каже дека терористите во Сирија се поразени, но можеме да кажеме дека состојбата во Сирија во последните месеци е значително променета против терористите“, истакна рускиот претседател во врска со сириската криза.