Fuat Kabakçı
05 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
СЈАМЕН (АА) - Претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, се состана со претставникот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси, и на Гвинеја, Алфа Конде, со кои разговараше за билатералните односи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за надворешни работи на Кина е соопштено дека Си во рамките на Самитот на лидерите на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република), кој се одржува во Сјамен, одделно се состанал со Конде и со Сиси.
За време на состанокот со колегата Конде, Си со гордост зборуваше за развојот на односите меѓу Кина и Гвинеја.
Претседателот на Кина изјави дека земјите треба да ги поддржуваат меѓусебните темелни интереси и грижите да ги дочекуваат со разбирање.
За време на состанокот со Сиси, Си Ѓинпинг изјави дека придаваат голема важност на билатералните односи и оти сакаат да ја продолжат блиската соработка на високо ниво.
Тој изјави дека ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Египет кога станува збор за брзиот развој и за одржување на стабилноста. Кинескиот претседател додаде дека се подготвени на развој на сеопфатната стратешка соработка со земјите од Блискиот Исток.
По состанокот, меѓу Кина и Гвинеја беа потпишани договори од областите економија, технологија, медицинско образование и за климатските промени, а пак меѓу Кина и Гвинеја беа потпишани договори во областите економија, технологија, комуникации и безбедност.
Кинескиот претседател Си претходно се состана и со лидерите на Русија, Мексико, Јужноафриканската Република и на Тајланд.
Самитот кој започна на 3. септември, ќе заврши денес.